Трипати повисок данок за недвижен имот, законот ќе ги „казнува“ и државата и физичките лица

од Берта Китинска
478 прегледи

Три пати повисок данок на имот за сите што имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сѐ што не е искористено.

Според Законот за даноци на имот, чии измени ќе важат од 1 јануари 2022 година, данокот на имот за недвижен имот кој не се користи подолго од шест месеци во текот на една година, ќе се зголеми за трипати.

Целта е, да се обезбеди прогресивно, праведно одданочување.

– Со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со повеќе пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои  данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот, се наведува во соопштението од Владата.

Доколку државата, општините, Градот Скопје и општините во него, како и физичките и правните лица не го пријават недвижниот имот, кој не го користат, ќе платат данок за петпати повисок од пропишаниот.

Премиерот Зоран Заев овој проект неодамна во интервју за ДВ изјави дека законот, барем на хартија, подеднакво ќе ги „казнува“ и државата и физичките.

„Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите кои имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, се’ што не е искористено, пред сé од државата“, вели Заев.

Законот, барем на хартија, подеднакво ќе ги „казнува“ и државата и физичките и правни лица, кои поседуваат имот кој, како што вели Заев, не е „во функција“.

„На пример, имаме неискористени детски одморалишта. Во таков случај државата ќе плаќа трипати повисок данок на општината во која што се тие. Ако не, нека го продаде или изнајми и нека го стави во функција”, додава тој.

Слични содржини