401
Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.
„Претседателот Пендаровски очекува дека на ист начин на којшто на политичките партии им се враќаат запрените средства за финансирање, коишто законски им следуваат, ќе им се вратат и финансиските средства на сите институции коишто остваруваат витален јавен интерес“, соопштија од неговиот кабинет.
Средствата беа запрени во услови на вонредна состојба заради нивно користење за справување со економските и социјалните последици од здравствената криза.