Основната причина за зголемената смртност кај помладата популација е брзото ширење на вирусот и неговата лесна трансмисија. И во статистиките од Институтот за јавно здравје беше посочено дека најголемиот број на заразени е токму старосната група на помладата популација, вели доктор Злате Мехмедовиќ во Тема на денот на Сител.
Тој вели дека откако е зголемен бројот на заболени пациенти прилично порано и повозрасните и помладите бараат помош од лекарите.
-Мислам дека системот е така поставен и никој пациент не е изоставен за да се лекува.Пред се матичните лекари се тие кои утврдуваат каква е состојбата на нивните пациенти.Според студиите заразата започнува помеѓу петиот и седниот ден, како и деветиот и десетиот ден.Не постојат зборови со кои може да се опише како изгледа еден тешко болен пациент од ковид. Неможноста да земете воздух е страшна дури и во одредени моменти ние се ставаме во нивна позиција кога гледам како тие се борат. Неверојатно е тешко да се опише преку зборови како изгледа еден тешко болен човек од Ковид, вели др. Мехмедовиќ.