Гласањето за изборите во Штип и Пласница без проблеми

од Берта Китинска
263 прегледи

Сите гласачки места во казнено поправните установи за предврмените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница се отворени утрово во 7:00 часот и гласањето таму ќе трае до 19:00 часот. До овој момент гласањето тече без никакви проблеми, соопшти Државната изборна комисија.

На гласачките места во казнено поправните установи на територијата на РСМ своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип и еден гласач од општина Пласница.

– Во текот на денешниот ден избирачките одбори ќе го спроведат и гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 глсачи во оптина Штип и 76 гласачи во општина Пласница. Денеска се спроведува гласање во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени 2 гласачи кои се од општина Штип – информираат од ДИК.

Слични содржини