Брнабиќ: Првите вакцини против Ковид 19 ќе ги имаме до крајот на оваа година

од Берта Китинска
185 прегледи

Премиерката Ана Брнабиќ, денес изјави дека Србија ќе ги добие првите вакцини против ковид 19 до крајот на оваа година и дека нејзината неодамнешна изјава за вакцините не е добро толкувана во медиумите.

– Видов неколку натписи во медиумите кои не се точни, извлечен е дел од мојот говор по повод Меѓународниот ден на човековите права. Србија, како што вети претседателот Вучиќ, ќе биде една од земјите што ќе ги прими првите вакцини против вирусот – рече Брнабиќ

Таа вели дека кога зборуваше за една компанија велејќи дека Србија може да добие вакцини дури во декември 2021 година, дека е точно, но тоа е само една компанија.

– Србија не е земја како што беше порано, туку земја што денес има политичка сила и кредибилитет. Таа вакцина навистина ќе ја имаме во декември оваа година – потенцираше премиерката Брнабиќ.