Излезеноста на изборите во Штип до 15 часот е 23,03 отсто, во Пласница 33,47

од Vladimir Zorba
131 прегледи

На предвремените избори за градоначалник на општина Штип до 15 часот гласале 9 620 избирачи, односно 23,03 проценти со право на глас, а во Општина Пласница 1 658 гласачи или 33,47 проценти, соопшти попладнево Државната изборна комисија.

До овој момент до Државната изборна комисија, како што соопштија оттаму, не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес. Деталните информации во однос на излезеноста на гласање , како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk .

Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

Слични содржини