Швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“ во понеделникот објави дека клиничките испитувања на руксолитиниб не покажале подобрување во тешките случаи на Ковид-19.
„Студијата за трета фаза немаше очекуван резултат од намалување на бројот на хоспитализации кај пациенти со Ковид-19 со тешки компликации“, се вели во соопштението на групата.
Сепак, иако клиничкота испитување на руксолитиниб „не даде резултати што ги очекувавме, ние ќе продолжиме да работиме со медицинската заедница за да ги анализираме резултатите и подобро да ги разбереме инхибиторите на Ковид-19“, објасни Џон Цаи, кој раководи со одделот за разво на лекови во Новартис.
Групата прецизираше дека неможноста на лекот да го подобри исходот кај пациенти со Ковид-19 нема никакво влијание врз „тековните студии за други болести“.
Руксолитиниб веќе се користи за други медицински индикации, за миелофиброза, полицитемија вера и хемофагоцитна лимфохистиоцитоза.