230
Во изминатите 24 часа 952 лица починаа од коронавирус во Германија.
Тоа е најголем број на смртни случаи за 24 часа од почетокот на пандемијата во Германија.
Од полноќ, Германија ги применува досега најстрогите мерки во борбата против коронавирусот.
Се воведува целосен „локдаун“ низ целата земја.
Ограничувањата се построги отколку што беа напролет, кога слободата на движење исто така беше делумно ограничена.
Сите мерки усвоени од канцеларката Ангела Меркел и 16 премиери во недела ќе се применуваат барем до 10 јануари.