Пендаровски: Ако цената за влез во ЕУ е откажување од идентитетот и јазикот, нема жив Македонец кој тоа ќе го дозволи

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Ако цената за влез во ЕУ е да се откажеме од идентитетот и јазикот, нема жив Македонец кој тоа ќе го дозволи. За ова не треба да има референдум бидејќи резултатот е познат, изјави претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски во своето обраќање пред Собранието.

„Членството во НАТО е вистинска вредност која треба да ја почитуваме. Ако цената за влез во ЕУ пак, е да се откажеме од идентитетот и јазикот, нема жив Македонец кој тоа ќе го дозволи. За ова не треба да има референдум бидејќи резултатот е познат. Направивме компромис со Грција, затоа што беше ратификуван фактот дека ние сме Македонци кои зборуваме македонски јазик. Ова наше право е надвор од било каква дебата. По однос на Бугарија, беше барана лидерска средба на која ќе се констатираат црвените линии. Лидерските средби се замена за институциите кои немаат легитимност, а тоа не е случај во нашата земја. Македонскиот јазик е внесен како службен во 1944. година со првото заседание на АСНОМ. Од целокупниот државен врв, не познавам таков кој би тргнувал со најдрагоценото нешто“, вели Пендаровски во обраќањето.