Американец ги убил својата сопруга и нејзината сестра за да ги спаси од корона

од Stefanija Kuzmanovska
370 прегледи

Американецот Адам Рот (36) од Виксон беше осуден да го помине остатокот од својот живот во институција за душевно болни, откако избоде четири члена на неговото семејство, а ги уби сопругата Доминик (34) и нејзината сестра Деирд (26). Медиумите јавуваат дека Рот ѝ рекол на полицијата дека го прободел семејството со цел да ги „спаси до коронавирусот“.

На судењето Рот беше ослободен од обвинението и му беше кажано дека остатокот од животот ќе го помине во психијатриска установа.

Дента кога го извршил убиството, тој седел во кујната и ручал со Доминик и Деирд, но и со неговата ташта Жилен, која исто така се обидел да ја убие. Таа поминала со средно тешки повреди.

Тој прво држел предавање на своето семејство дека е подобро да се самоубие отколку да се зарази со страшниот вирус. Кога слушнал дека сопругата и нејзината сестра не се согласуваат со него, тој започнал да ги прободува со нож.

Таштата Жилена Попанда пред судот рече дека Адам бил ментално болен веќе некое време, но дека не земал лекови во последната година. Таа изјави дека откако слушнал за пандемијата на коронавирусот, тој само седел во својата соба и врескал дека сите ќе умрат од опасниот вирус.

Рот не кажал ништо на судењето. Тој само гледал во една точка или гледал низ прозорецот на судницата.

Откако го донеле во ментална установа, тој се заразил со корона осум дена подоцна. Тој поминал еден месец на кислород, а кога се опоравил, ја скршил ногата.

Потоа друг пациент го претепал и му нанел тешки повреди.

Слични содржини