Кризна состојба во државава до 30 јуни 2021 година

од Vladimir Zorba
256 прегледи

Собранието ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година. На седницата не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Со одлуката треба да се овозможи продолжување за уште шест месеци на едномесечната кризна состојба поради состојбата со коронавирусот што е во сила од 20. минатиот месец, со одлука на Владата, а на барање на Советот за безбедност.