Носете маски на божиќните прослави со семејството, велат од СЗО

од Nikola Popovski
178 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика Европејците да носат маски на семејните божиќни собири, објави Би-Би-Си во средата.

Бидејќи стапката на пренесување на коронавирус во Европа останува висока, СЗО предупредува на „високиот ризик“ од нов бран на пандемијата на почетокот на 2021 година.

Земјите низ европскиот континент бележат илјадници нови случаи и стотици смртни случаи секој ден.

СЗО ги повикува поединците, семејствата и заедниците да покажат одговорност на Божиќните прослави и со своето однесување да придонесат за спречување на нов бран на инфекции.

„Можеби е невообичаено да носите маска и да ја одржувате физичката оддалеченост кога сте во кругот на семејството и пријателите, но со тоа значително придонесувате сите да бидат здрави и безбедни“, соопшти Европската канцеларија на СЗО.

Германија е една од земјите што има строг режим на мерки од средата, вклучително и затворање на училиштата и градинките, како и на сите продавници и компании кои не се неопходни за секојдневниот живот.

Слични содржини