Бугарија ќе ѝ додели речиси 300.000 евра неповратни грантови на С. Македонија

од Nikola Popovski
500 прегледи

Бугарија ја поддржува  С. Македонија со финансирање на 7 проекти со над 579 илјади лева (296.000 евра), објави Министерството за надворешни работи на земјата. Средствата се од официјална помош за развој и хуманитарна помош преку буџетот на Министерството.

Договорите за првите четири проекти во вкупна вредност од околу 415 000 лева (207.500 евра) биле потпишани од бугарскиот амбасадор во Скопје Ангел Ангелов со корисниците на проектите од областа на здравството, на развојот на младите и на граѓанското општество во Република Северна Македонија на 15-ти декември, а денес се потпишани уште два документа.

Проектите се од областа на здравството, развојот на младите и граѓанското општество во Македонија. Тие предвидуваат реконструкција и опрема на дневен центар за млади и возрасни со аутизам, третман и сензорна терапија на деца со аутизам, нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание и Аспергеров синдром, создавање центар за развој на креативност за деца и млади и други.

Бил поддржан и проект за создавање веб-страница за вести насочена кон покривање на демократските реформи и преговори за членство во Европската унија.

Потпишаните договори за проекти се во рамки на донесената одлука од Советот на министри за доделување на вкупно 1.280.000 милиони евра (2.560.812 лева) за грантови за финансирање на проекти во Македонија, во Србија, во Албанија, во БиХ, во Црна Гора, во Косово, во Украина, во Молдавија, во Грузија и во Ерменија.

Слични содржини