Ова е најитриот хороскопски знак: Ладен, пресметан и може да ве „смота“ околу малиот прст

од Vladimir Zorba

Секој знак на Зодијакот има свои маани или лоши карактеристики. Додека Вагите често осудуваат премногу, Близнаците знаат да бидат себични. А, дали знаете кој хороскопски знак е најитриот?

Припадниците на овој знак се големи манипулатори.

На нивниот шарм е тешко да се одолее, и тие знаат како да го користат.

Станува збор за Девиците.

Припадниците на овој знак се многу методични, мирни и одлични на работни места за кои е потребна организација.

Тие не толерираат ненадејни промени и избегнуваат непромислени постапки. Тие точно знаат како да пристапат некому за да го добијат потребното. Тие можат да ве „смотаат“ околу малиот прст во секое време, без да забележите.

Кога на членовите на овој знак ќе им дадете сè што им треба, тие ќе ви свртат грб и ќе преминат на следната „жртва“, пишува „Индекс“.

Тие се доста вешти во бизнисот, бидејќи имаат натпросечна интелигенција. Тие секогаш се подготвени да манипулираат со луѓето за да ги постигнат своите цели. Кога сакаат да постигнат нешто, тие често стануваат лукави и непостојани.

Обично се многу љубезни, никогаш не влегуваат во конфликти, но всушност се „премачкани“ со сите бои.

Слични содржини