Пејачот Сергеј Четковиќ проговори за состојбата со коронавирусот и по тој повод откри дека се обидува да размислува позитивно, а во сето тоа му помагаат семејството, пријателите, како и музиката, пренесе „Курир.рс“.
„Живееме во многу тешко време и верувам дека сите размислуваме на ист начин, да го поминеме овој период што е можно побезболно и да останеме здрави, и психички и физички. Музиката ми помага да издржам се што ни се случи на нас, семејството, пријателите и да се вклучам во некои креативни работи, како што е работењето на нови епизоди од цртаниот филм „Лола и Мила“, со учество во креирањето на Јутјуб каналот ‘Ремек-дело’, кој го отвори мојата сопруга, и работата на нова куклена ТВ серија за деца „Не е А, туку молам“, изјавил пејачот и додал дека оптимизмот е најважен во овие времиња.
„Сигурно е дека ќе излеземе од сето ова променети, но се надевам и поодговорни. Никогаш не губам надеж и се надевам на скор крај на сè што ни се случи. Мора да го задржиме оптимизмот, да одиме напред и да веруваме дека ќе можеме да се избориме“, искрено коментира Сергеј, кому најмногу му недостигаат концертите и контактот со публиката.
„Ми недостасува сè. Невозможно е да се издвои една работа. Секако, концертите и дружењето со публиката се на прво место, но има и многу други работи што ја прават оваа професија, во нормални околности, најубавата во светот за мене. Тешко е кога ќе создадете нешто убаво и ново скоро една година и немате можност да им го претставите на луѓето на вистински начин. Концертите и перформансите на Интернет се добри, но тоа не може да се спореди со емоциите во полните сали. Ќе видиме што ќе донесе новата година, се надевам дека ќе биде подобра и посреќна во секоја смисла“, вели Четковиќ и верува дека најважно е луѓето да разберат дека здравјето е најголемото богатство што го имаме.