Традиционалната руска новогодишна салата содржи три состојки кои претставуваат сериозна закана за човечкото тело, предупредува гастроентерологот Марина Хорол.
Како што забележала, оваа салата од компир е штетна бидејќи содржи голем број состојки за кои се потребни различни ензими за варење, што претставува потешкотии за панкреасот.
Покрај тоа, зачинета е со мајонез, кој е многу калоричен. Тоа е еден вид удар врз црниот дроб, панкреасот и жолчното кесе.
Третото штетно својство е множење на микроорганизми во салатата, која често останува на собна температура и преку ноќ.
На почетокот на јануари имаме најмногу труење и панкреатит – додаде д-р Хорол.
Како што истакнува таа, руската салата треба да се јаде на денот на подготовката, во мали количини од само неколку лажици. За преливот изберете павлака – тоа нема да го промени вкусот, но ќе го направи јадењето поздраво, тврди таа.