Состојка во сендвичите која може да предизвика дијабетес

од Stefanija Kuzmanovska

Речиси и да нема човек кој не сака да јаде сендвичи, но малкумина знаат дека тој е главниот виновник за таложење на маснотии кои ги опфаќаат цревата, црниот дроб и целиот стомак.

Масните наслаги на желудникот не се само задебелен слој на кожа што го нарекуваме маснотии, туку можат да ги обложат артериите и да доведат до бројни здравствени проблеми.

Диететичарот Лори Волкер изјави дека една состојка во сендвичот е најчестиот виновник за оваа опасна маст која може да го отежне оптимално функционирањето на нашите внатрешни органи.

„Белиот леб е омилен поради неговата текстура и практичност, но е поврзан со зголемен ризик од акумулација на висцерални маснотии. На рафинираното брашно што се користи во белиот леб му недостасуваат влакна и хранливи материи кои се наоѓаат во целите зрна, што доведува до брзи скокови на шеќерот во крвта“, рече таа.

Диететичарот додаде дека белиот леб брзо се вари, што значи дека гликозата се претвора во гликоза, а вишокот на гликоза може да се складира како висцерална маст во телото.

„Оваа маст е особено опасна затоа што телото не ја метаболизира добро, а може да придонесе за сериозни здравствени проблеми како што се дијабетес, срцеви заболувања и мозочен удар“, предупреди диететичарот и советуваше белиот леб да се замени со алтернативи како што се целите житарки.

Многу истражувања докажаа дека јачменот, просото, интегралниот ориз, овесот, ‘ржта, киноата имаат исклучително поволно влијание врз здравјето на луѓето. Целите житарки се главен производ во некои од најздравите стилови на исхрана, пренесува City Magazine.

Тие содржат влакна кои ја забавуваат апсорпцијата на храната и како резултат на тоа го намалуваат зголемувањето на шеќерот во крвта. Тие се одличен извор на антиоксиданси, есенцијални минерали и диетални влакна.

Слични содржини