Претседателот Стево Пендаровски не се согласува со бришењето на „бугарски фашистички окупатор“ на дел од спомениците.
„Не го оправдувам тоа. Надвор од процедура не може да се тргаат плочите на спомениците. Прво треба да се постигне договор меѓу комисиите“, истакна тој за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.
Во однос на Чешка и Словачка кои не се согласија со заклучоците за проширувањето, Пендаровски рече дека се слушнал со двајцата амбасадори и изразил огромна благодарност.
„Чешка и Словачка рекоа што рекоа и го блокираа предлогот на Германија. Ние не сме дел од таа дебата, не сме членка. Вчера разговарав со двајцата амабсадори и изразив огромна благодарност, но сепак тоа е за нивна одбрана, не наша“, рече Пендаровски.