ВМРО-ДПМНЕ сега изгледа како партија без компас, има различни ставови за дневна употреба, вели поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров во Студио 10 на ТВ24.
„Мицкоски вети дека ќе поднесе оставка, има морална одговорност, и двајцата претходни претседатели од морални причини поднесоа оставка. Првпат во 30-годишната историја на ВМРО губат 5 избори по ред, а ги притоа ги земате парите од државата. Мицкоски имаше информации дека ќе се промени името, единствена опција беше да се повикаат гласачите да гласаат против договорот. И на тој начин власта ќе немаше маневарски простор власта да го промени името. По секое губење на изборите, граѓаните ги валоризираат политиките а СДСМ, а не ги земаат во предвид на ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ сега ми изгледа како партија без компас, има различни ставови за дневна употреба“ вели Есмеров.
Во однос на надворешните работи власта не може ништо да направи само да оставиме ЕУ со своите механизми да помогне како на пример со ветото на солидарноста кое беше употребено за Полска.