Есмеров: Мицкоски треба да се плаши од лицата околу него

од Nikola Popovski

„Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ, повеќе нема никаков легитимитет, ниту право да раководи со партијата. Дополнително, револтиран сум и крајно разочаран од изјавите на одредени партиски ‘ликови’ кои во текот на вчерашниот ден изнесоа крајно непримерни квалификации за членовите на Иницијативниот одбор, нарекувајќи ги политички отпадници и луѓе кои одработуваат за Заев и СДСМ“, изјави Игор Есмеров, поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, за „Независен.мк“.

Тој му порачува на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски дека треба да се плаши од лицата околу себе, кои со непримерни изјави му го тресат партиското столче.

„Каменот доаѓа од блиску“, смета Есмеров.

 

Слични содржини