Традиционалните предмети нема да се укинат, од нив ќе бидат исфрлени непотребните содржини

од Берта Китинска
297 прегледи

Премиерот  Зоран Заев нагласи дека нема да се брза новата реформа во образованието, иако, како што рече, таа е важна и треба час поскоро да се започне.

„Во наставата ќе се вклучат наставни содржини суштински за образованието на децата, како медиумската и дигитална писменост, хигиената која видовме и тоа како е важна во пандемијата со коронавирусот и екологија. Тие нема да бидат на сметка на останатите досегашни предмети за изучување, ќе си имаат паралелно и географија, историја, хемија, физика..“, откри премиерот додека јавноста претспоставува и нема доволно информации какви ќе бидат реформите во образованието најавени од министерката Мила Царовска.

Заев нагласи дека нема да се брза новата реформа, иако, како што рече, таа е важна и треба час поскоро да се започне.

-Нашата намера не е да ги укинеме предметите историја, географија, физика или биологија во образованието. Фузирањето значи ефикасност, намалување на наставните содржини кои се вишок и не им се потребни на учесниците со цел да добијат дополнително можност за општествени и социјални дејности во рамки на времето кое го поминуваат во училиште, истакна Заев, појаснувајќи го новиот концепт на основно образование кој го најави Министерството за образование и наука.

Слични содржини