Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека продолжува со градење на европски стандарди во полицијата согласно владините стремежи Европа да ја донесе дома.
-До крајот на годината ветувам, промоција на 5 пловни објекти на МВР, исплата на бонус плата на вработените со остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2017 година, намалени прекршоци во сообраќајот, година со најмалку жртви во сообраќајот, промовирање на реконструкциите на ОВР Гевгелија и ОВР Крива Паланка, оглас за прием на нови полициски службеници, соопшти Спасовски.