Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска треба да прими вакцина против коронавирус.
Бајден рече дека не сака да го прескокне редот за вакцинација, туку да му покаже на американскиот народ дека е безбедно да се вакцинира.
Телевизиите ќе пренесуваат во живо како Бајден ја прима доза на вакцина против коронавирус.