Трамп не се предава, повторно бара поништување на изборните резултати

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Кампањата на актуелниот претседател Доналд Трамп објави дека тие повторно ќе побараат од Врховниот суд да ги отфрли резултатите од претседателските избори во Америка, на кои предвидената победа на демократскиот кандидат Џо Бајден на 14 декември беше потврдена од Изборниот колеџ. Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги оспорува изборните резултати, тврдејќи дека процесот бил обележан со неправилности при гласањето и пребројувањето на гласовите.

Руди Џулијани, адвокат на претседателот Трамп, изјави дека од Врховниот суд било побарано да ги поништи трите решенија на државниот суд во Пенсилванија донесени во врска со гласањето по пошта, се наведува во објавата за кампањата на републиканскиот кандидат.

Џулијани посочи дека во апликацијата се барани, како што рече, сите соодветни правни лекови што ќе овозможат 20 изборни гласа на таа земја да му бидат доделени на Доналд Трамп.

Патем, предвидената победа на новоизбраниот претседател Бајден беше потврдена минатиот понеделник од 20 електори во Пенсилванија. Исто така, Бајден освои повеќе од 80.000 гласови во таа земја.

На 11 декември, Врховниот суд ја отфрли тужбата поднесена од државата Тексас – барајќи од највисоката американска судска институција да ги поништи резултатите од гласањето во четири клучни држави за исходот на американските избори – Џорџија, Мичиген, Висконсин и Пенсилванија.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги оспорува изборните резултати, тврдејќи, без да презентира валидни докази, дека процесот бил обележан со неправилности при гласањето и пребројувањето на гласовите. Тоа, наводно, придонело демократскиот кандидат да ја добие изборната победа наместо него.

Неколку републикански сенатори, вклучително и лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, ја признаа изборната победа на Џо Бајден по гласањето на Изборниот колеџ. Тие исто така ја отфрлија идејата за отфрлање на резултатите од претседателските избори во САД во Конгресот.

За да победи на претседателските избори, кандидатот треба да освои 270 гласови од електоратот. Демократскиот кандидат и избран претседател Џо Бајден освои 306 изборни гласови – во споредба со Трамп кој собра 232.

Исто така, Бајден освои околу седум милиони гласови повеќе од Трамп.