Филипче: Почитувањето на мерките дава резултати

од Берта Китинска
239 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук информираше дека почитувањето на мерките дава резултат.

-Почитувањето на мерките дава резултати, да останеме одговорни и за време на празниците, напиша Филипче.

Според податоците на 1 декември сме имале 6463 нови случаи, по спроведувањето на мерките во третата недела од месецот декември забележан е пад односно регистрирани се 4585 нови случаи.

Министерто вчера рече дека епидемијата полека стивнува.

-Се намалува бројот на пациенти кои се јавуваат за тестирање, што значи дека се намалува и бројот на пациенти. Доказ за тоа е се поголемиот број слободни термини и слободните болнички кревети и намалување на бројот на кревети во болничките установи, нешто што се констатираше во сите болнички установи, поточно во нивните амбуланти посебно во последната недела, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Слични содржини