МВР со засилени контроли: Санкционирани 190 возачи во Скопје

од Берта Китинска
158 прегледи

МВР во текот на вчерашниот ден  продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 24 санкции, 13 за нерегистрирани возила, 7 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, 17 санкции за користење на мобилен телефон. Изречени се 11 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 54 мерки за непрописно паркирани возила и 51 возило се подигнати со „пајак“ службата.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.