Владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција изјави дека први со вакцината против ковид ќе се вакцинираат лекарите .
„Први ќе се вакцинираат лекарите, кои се на прв удар во борбата со корона вирусот. После нив ќе бидат хронично болните лица, возрасните граѓани, вработените во градинките. Ќе се вакцинираат и политичарите“, соопшти тој.
На прашањето зошто здравствените власти сè уште не ја објавиле листата со резултати за смртноста на пациенти со Ковид-19, владиниот портпарол изјави дека властите имаат целосен увид и дека таа ќе бидат објавена наскоро.
„Повеќето од овие пациенти имале други болести кои дополнително ја влошиле нивната состојба. 90 проценти од сите пациенти кои починале имале барем едно до две други болести, што го влошило нивното здравје“, вели Арсовски.