Николов ја презеде градоначалничката функција, ќе бара квалитетна работа од општинската администрацијa

од Берта Китинска
317 прегледи

Новиот градоначалник на Општина Штип, Сашко Николов денеска го доби уверението од членовите на Општинската изборна комисија.

–. Ветувам дека ќе продолжиме да работиме за интересот на граѓаните и Општина Штип ќе се движи по вистинскиот пат, ќе работиме на реализација на ветените проекти во мојата изборна програма, Без разлика на партиската припадност нема да има никаква толеранција за неработниците. Затоа барам полна ангажираност на сите вработени. На јавните претпријатија и на општинската администрација им давам рок од два месеца да го подобрат работењето, рече Николов.

Николов наследува финансиски стабилна општина, засега не најавува смена на директори или раководители, но како што вели им дава рок од два месеца да се прилагодат на неговото темпо на работа.

На предвремените избори за градоначалник на Штип, што се одржаа на 13 декември, за Николов гласаа 11.477 граѓани и тој беше избран во првиот круг. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на доделувањето на уверението.

Слични содржини