Нови 250 заразени лица од ковид во Скопје

од Берта Китинска
189 прегледи

Според денешната статистика на министерството за здравство во последните 24 часа се направени 2510 тестирања, а регистрирани се 627 нови случаи на ковид-19 oд кои 250 се од Скопје.

Досега во главниот град регистрирани се 11660 активни случаи на коивд.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79815, бројката на оздравени пациенти е 56743, на починати е 2354, а бројот на активни случаи изнесува 20718.