Арачиновецот кој дивееше со своето „Бентли“ на Плоштад казнет со 45 евра

од Vladimir Zorba
311 прегледи

Возачот на автомобилот марка „бентли“ кој со поголема брзина се движеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, е пронајдет и казнет.

Станува збор за извесен Б.А. од Арачиново, а потврда за ова стигна и од скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи објави фотографија од записникот кој му е врачен на сторителот.

На истата може да се забележи дека Б.А. е казент според членот 187, став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Таа одредба гласи: Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на учесник во сообраќајот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член.

Видеото кое се прошири на социјалните мрежи, покажува како автомобилот се приближува до „светлосниот тунел“ поставен на градскиот плоштад, при што луѓето собрани околу новогодишната декорација панично се тргаат настрана, а потоа возилото забрзувајќи преминува на другиот крај.

Слични содржини