СДСМ: За Мицкоски, 27 април е виц (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
224 прегледи

„Христијан Мицкоски, единствениот кој е на браникот на криминалот, денеска застана зад насилството од 27 април. Мицкоски денеска застана зад својот ментор осудениот криминалец во бегство Никола Груевски, првообвинет во судскиот случај „организатори на 27 април“, вели Стефан Васев од СДСМ како реакција на изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

„Што навистина Мицкоски мисли за крвавиот четврток најдобро зборува тоа што денеска во судницата ширел хумор и како што тој вели „се обидел да биде вицкаст“. За Мицкоски насилството, обидот за убиство на пратеници и новинари е виц“, посочува Васев.