Заев испрати новогодишни подароци за 126 деца во 23 групни домови низ државата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Секое дете заслужува радост, љубов и топлина за време на празниците. 126 дечиња од малите групни домови и од прифатните центри добија новогодишни пакетчиња, сподели премиерот Зоран Заев.

„Изминатите години секогаш заедно се дружевме и се гушкавме посакувајќи си здравје, среќно детство и исполнување на сите желби. Годинава нè затекна сите во сосема поинакви услови, но тоа не беше причина да не ги израдуваме со пакетче за Нова Година.

Им посакувам на сите дечиња среќни празници и среќна Нова Година, а ние како Влада ќе продолжиме посветено да работиме на поттикнување и развивање на децата, да им се даде слобода за правилно изразување на нивните способности, чувства, креативност, снаодливост, за да се оспособат за донесување на храбри одлуки во животот“, истакнува тој.