265
Роберт Просинечки ќе стане новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, неофицијално дознава „Курир“.
Македонија најголемиот успех во својата историја го постигна со пласман на Европско првенство и за прв пат по осамостојувањето се пласираа на големо натпреварување.
Селекторот Игор Ангеловски ја одведе селекцијата до овој историски успех, па затоа и оваа одлука е малку изненадувачка.
Од друга страна, Просинечки е без работа откако на крајот на ноември доби отказ во турски Денизлиспор по серија лоши резултати, а сето тоа кулминираше со поразот во Купот на Турција од третолигашот Тургутлуспор.
Официјалната промоција се очекува во наредните денови.