Закажани четири седници во Собранието

од Берта Китинска
271 прегледи

Закажани се четири собраниски седници денеска во Собранието.

Како точна на дневен ред на оваа седница е ставен и Предлог на закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка, кој во собраниска процедура е со европско знаменце.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска има закажано и три продолженија веќе почнати седници.

На продолжението на 19. седница треба да се разгледаат Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на труд, по скратена постапка и Предлог на закон за изменување на Законот за инвалидски организации, по скратена постапка.

Закажано е и продолжение на 20. седница на чиј дневен ред, меѓу другите, е останат и Предлог – законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка. По него во петокот и ноќта межу петок и сабота расправаа пратениците, по што во утринските часови седбицата беше прекината со најава дека продолжението ќе биде дополнително закажано.