Д-р Даниловски: Кај нас до крајот на март ќе се постигне 60% колективен имунитет,вакцини ќе ни требаат за ризичните групи

од Берта Китинска
196 прегледи

Ковакс како механизам беше формиран за да се надминат нееднаквостите. Големите земји прво си гледаат за себе, па ако остане нешто од вакцините и за помалите земји

„Големите земји прво си гледаат за себе, па ако остане нешто од вакцините и за помалите земји. Богативе кои можат да си дозволат да го откупат целото производство не мислат за другите, сите на ова парче планетарно сме дел од еден ист систем на затворени садови. Си играат со оган, ако малите земји останат невакцинирани, може тоа да е опасност и за нив, може вирусот потоа пак да се прошири и кај нив“ – вели епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски во Студио 10 на ТВ24.

Тој вели дека се што сега е во оптек од вакцините во светот, се е директна набавка.

-Од сите вакцини сепак се сите со најнови технологии, има модификација на векторот на адановирусот. Од што се штитиме со вакцините, никој не го поставува тоа прашање. Да не се оштетат белите дробови, но респираторниот систем (носот) не се штити, а асимптоматски може да продолжи со заразата. Само американските вакцини (Модерна) не дозволуваат да навлезе вирусот и во носот. Другиве вакцини треба да се испита дали ќе штитат воопшто вирусот да не може да навлезе во организмот. До крајот на март 60% колективен имунитет ќе се постигне кај нас, епидемиско ширење нема да има, вакцини ќе ни требаат за вакцинирање на ризичните групи, а вирусот ќе продолжи да тлее. Ризичните групи ќе треба да се вакцинираат. Јас ќе се вакцинирам, во моментов сме пред дилема вирус или вакцина, трета опција нема“ – вели Даниловски.

Слични содржини