„Како и секогаш кога е ДПМНЕ во прашање, не се престанува со креирањето на лажни вести“, вака градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов ја коментираше прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на која го обвини дека во град Скопје се вработува личен возач на Петре Шилегов, кој е роден 2001 година и треба да вози нов автомобил со високи перформанси, иако законот не го дозволува тоа.
Според градоначалникот, најголемата опозициска партија дека „ги боли успехот на градските политики во изминативе 3 години (и нив, а и богами и на некои самопрогласени “експерти” за Градот), но тоа никако не би смеело да биде причина за свесно лажење“.