Граѓаните ги оценијата првите 100 дена од работата на Владата со средна оценка од 2,46 на скалата о 1 до 5, покажува анкетата на Телма Тв заедно со МЦМС, а ја спроведе агенцијата „М проспект“. На скалата од еден до пет – 11 % дале оцека 5, 14,2 % првите 100 дена ги оцениле со четворка, 20,1 % ја оцениле работата на Владaта со тројкa, 19, 4 отсто со двојка, а 35,3 отсто ја оцениле Владата со единица.
Етничките Македонци се понезадоволни од работата на оваа Влада (60,5% од нив ја оцениле со ниски оценки) споредбено со етничките Албанци (27,3% ја оцениле со ниски оценки). Регионално гледано, најголемо незадоволство од работата на Владата може да се забележи во Североисточниот регион, каде 72,8% од испитаниците дале ниски оценки.
Според резултатите од анкетата 61,9 отсто не сакаат Анекс на договорот за добрососедство со кои би се дале посебни гаранции за територијални претензии и немешање во внатрешните работи, без да се навлегува во идентитетските прашања. Наспроти 33,5 отсто од испитаниците кои се согласуваат таков анекс да има.
Анкетата е спроведена во периодот од 6 до 24 декември, телефонски, на примерок од 1 000 испитаници, според пол, возраст, етнилка припадност и место на живеење.