206
Премиерот Зоран Заев соопшти дека Владата денеска донела одлука да испрати финансиска помош од шест милиони денари во Хрватска по силниот земјотрес од 6,4 степени по Рихтер во Петриња.
„Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите“, стои во објавата на Заев.
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 12.30 часот ја погоди Хрватска. Според локалните медиуми, епицентарот на земјотресот бил на 46 километри југоисточно од Загреб околу Петриња.