Премиерот Зоран Заев преку весникот „Вечерњи лист“ ја изрази својата поддршка и солидарност на Хрватска и хрватскиот народ. Меѓу другото, во пораката се вели:
-Граѓаните на Северна Македонија со загриженост ги следат вестите што доаѓаат од Хрватска за жртвите и штетите во Петриња, Сисак, Глина и другите населени места. Ова е очигледно еден од најтажните денови во Хрватска граѓаните на Северна Македонија, сме постојано со мислите и стравовите на Хрватска и Северна Македонија имаат силни и бројни врски, и заедно ги споделуваме сите среќни и тажни моменти со посебно сочувство, и како особено блиски народи ќе помогнеме во ублажувањето на последиците од разорната природна катастрофа, вели Заев.
Тој наведува дека граѓаните на Северна Македонија никогаш нема да ја заборави испружената рака на Хрватска за време на земјотресот во Скопје, кога граѓаните на Хрватска пристигнаа во тогаш заедничката држава во разурнатото Скопје, за до учествуваат во спасувачките и хуманитарните операции.
-Стотици семејства кои останаа без домови во нашата земја беа прифатени ширум Хрватска додека не им беа изградени нови домови. Хрватска остана искрен и посветен пријател на модерна Северна Македонија на нашиот пат кон модерна европска држава и нашите тенденции да бидеме членки на заедничките НАТО и ЕУ семејства. Поради тоа нашите мисли сега се со хрватскиот народ и со изрази на сочувство и поддршка веруваме дека Хрватска уште еднаш ќе ги надмине предизвиците и со поддршка на пријателите ќе ги излекува раните од потресот и ќе му го врати мирот на народот, истакна Заев во порака испратена до „Вечерњи лист“.