Бугарско МНР: Властите во Скопје да ги заштитат граѓаните со бугарски идентитет

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Властите во Скопје треба да преземат мерки за ставање крај на говорот на омраза и за заштита на нивните граѓани со бугарски идентитет.

Министерството за надворешни работи повикува на ова преку објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Еве што вели постот:

„Министерството за надворешни работи внимателно ги следи постојаните објави на социјалните мрежи со списоци на бугарски граѓани во Република Северна Македонија, во кои се повикува на справување со нив.

Очекуваме властите во Скопје да преземат мерки за ставање крај на говорот на омраза и за заштита на нивните граѓани со бугарски идентитет“.

МВнР следи внимателно продължаващите публикации в социалните медии със списъци на български граждани в Република Северна…

Posted by Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Bulgaria on Wednesday, December 30, 2020

Слични содржини