Царовска за реформите во образованието: Ниту еден наставник нема да остане без работа

од Nikola Popovski
310 прегледи

„Реформи ни се потребни итно, но досега чекори не се правеле, иако за нив се зборува веќе 15 години“, изјави денес министерката за образование, Мила Царовска, одговарајќи на пратеничко прашање за тоа што ќе понуди новата концепција за основното образование.

„Новата концепција треба итно да ја донесеме за да имаме период да подготвиме наставни програми. Таа предвидува современ систем на образование кој значи интегрирана педагогија што веќе 20 години ја има во најголем дел од развиените земји во светот. Обврска е и од Законот за основно образование, кој беше донесен минатата година, а и во Националната стратегија за развој на образованието 2018-2025 е јасно укажано дека основното образивание мора итно да се реформира – со интегрирање, промена на програми, нови содржини и нови наставни материјали, а учебникот да не се употребува како единствено средство за учење“, потенцира Царовска.

Таа посочи дека tреба да го смениме системот на фактографско учење и никаде да не се стремат веќе учениците да помнат само факти, туку да учат со разбирање и да учат преку дискусија.

Во однос на наставниците, Царовска изјави дека досега биле присилувани да следат јасни инстукции без да имаат можност да имаат автономија креативно да ја подобруваат наставната програма, согласно културата на живееење на нивните ученици.

„4 160 наставниици кажаа дека сакаат да имаат повеќе автономија во делот на подготовка на наставни програми. Никој нема да остане без работа, напротив. Во моментот се разговара за системот за вработување на наставници. Претходно беа држени на кратко ланче за да можат да бидат принудени да гласаат на избори“, рече министерката.

 

Слични содржини