Над 2,5 милиони луѓе примиле вакцина во САД

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Американскиот центар за контрола и превенција на заразни болести денес објави дека 2.589.125 лица во САД ја примиле првата доза на вакцина за коронавирус, а до средата наутро биле дистрибуирани 12.409.050 дози.

Ова важи за вакцините Фајзер и Модерна, кои се одобрени за употреба во таа земја, пренесува Гардијан.

Центарот објави 199.282 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 19.432.125. додека бројот на смртни случаи се зголемил за 3.390 на 337.419.