202
Медицинска сестра од Калифорнија беше позитивна на Ковид-19, седум дена по примањето на вакцината Фајзер против коронавирус.
„За време на нејзината работа во болницата, таа се разболе, па почувствува силна болка во мускулите“, се наведува во извештајот на болницата.
Кристијан Рамерс, експерт за заразни болести од здравствените центри во Сан Диего, изјавил дека ова сценарио не е неочекувано.
„Од клиничките испитувања на вакцините знаеме дека ќе бидат потребни околу 10 до 14 дена за да започнете да развивате заштита од вакцината. Па, така првата доза што ја добивате ви дава околу 50% заштита, а втората доза ви треба за да достигнете 95% заштита“, објаснил Рамерс.