Починаа 8 лица од корона, вкупно 2.530 во државава

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека уште 8 лица ја загубија битката со Ковид-19.

Еден пациент е од Скопје (75г), двајца од Куманово (61 и 65г), еден од Штип (71г), еден од Битола (66г), еден од Охрид (79г), еден од Радовиш (75г) и еден пациент од Кочани (67г).

Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Од почетокот на кризата починаа вкупно 2.530 лица во земјава одпоследиците на коронавирусот.