163
Оваа ноќ не помина мирно за жителите на Петриња, Сисак, Глина и околината, бидејќи рано утрово во 4:20 часот е регистриран нов земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала.
Според хрватската сеизмолошка служба, сеизмолозите забележале прилично силен земјотрес со епицентар на два километри северо-источно од Петриња.
Земјотресот се почувствува низ цела централна Хрватска, дури и во Словенија, пренесува Индекс.хр.