С.Македонија со големи очекувања од португалското претседавање

од Берта Китинска
304 прегледи

Премиерот Зоран Заев порача дека денеска ќе има координација во владата за следните чекори во односите со Бугарија.

-Денеска на првиот ден закажав координација со министерот Бујар Османи и советниците, како и Дане Талески кој ќе замине во Португалија за да ги видиме досегашните заклучоците состојбата и да ја разгледаме уште еднаш стратегијата како да пристапиме соодветно. Добрата соработка и однос може да бидат предност за решавање на било кое прашање пред кое е исправена нашата земја, изјави Заев.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи има големи очекувања и од португалското претседавање со Советот на ЕУ кога е во прашање усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија.

Османи најави дека денеска попладне ќе има кординација со цел утврдување на нов календар на активности во рамки на новите околности, бидејќи, како што рече досегашната динамика била утврдена како за успешен завршеток во рамки на германското претседателство.

-Ние имавме големи очекувања дека рамката ќе се усвои во декември за време на германското претседателство и тоа направи надчовечки напори со цел надминување на разликите со Бугарија, но, очигледно пречките беа големи за тоа да се случи. Очекувањата се големи и за португалското претседателство. Претседателставата функционираат во рамки на тријада, односно на три претседателства кои ги координираат активностите насоките и политиките, така што очекувам Германија да продолжи со својот ангажман и во текот на португалското претседателство. Според првите контакти со португалското претседателство, тоа има сериозна намера да се ангажира процесот да се продолжи од таму каде го остави германското претседателство и побрзо да се најде решение за разликите со цел да се одржи првата меѓувладина конференција односно да се усвои преговарачката рамка, рече на денешната прес-конференција Османи.