Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција соопшти дека очекува пописот да се спроведе во периодот во кој е замислено, од 1 до 21 април годинава.
Пописот е обврска и треба да се спрведе затоа што сме единствена држава без попис во Европа, па срамота е да правиме експерименти. Тој што е иселен повеќе од една година се смета дека не е резидент и на пописот ќе пишува дека е иселен повеќе од една година, тој дел е јасно решен и за сите етнички заедници. На пописот ќе се попишуваат резиденти, нерезиденти и вкупно население, рече денеска премиерот Зоран Заев на отворањето на новите просториии на Министерството за политички систем.
Тој вели дека власта е подготвена да прифати донација од 5.000 апарати за отпечатоци.
– Бараме најмалку 5 илјади апарати за отпечатоци од прст, но како би го направиле тоа со луѓето што не живеат тука, или на децата кои немаат 18 години. Веќе немаме работна група, туку си има институција за спроведување на пописот, кој е важен за граѓаните “, додаде премиерот.
Во однос на опозцијата која не сака да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција и најави дека ќе направи нов попис кога ќе дојде на власт, премиерот рече дека тоа можат да го направат по 10 години.
-Нема проблем во 2031 година ВМРО-ДПМНЕ ќе може да направи попис, ќе видиме тогаш кој ќе биде на власт. Овој попис до 21 април мора законски да биде спроведен.Срамота е по 18 години да немаме попис тој е насушна потреба, наведе Заев.