Трамп се огласи: Покрај изборите за сенатот, тој посочи што се случува во Џорџија

468 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер предупреди дека демократите се обидуваат да ги украдат изборите во Џорџија со цел да добијат мнозинство во Сенатот.

– Се чини дека тие лажираат голем број на „вметнати гласови“ против републиканските кандидати. Чекам да видам колку гласови им требаат? – предупреди Трамп.

Трамп ги повика Републиканците да се борат.

– Тие случајно пронајдоа уште 4.000 гласачки ливчиња од округот Фултон. Еве, да одиме – напиша Трамп.

Демократот Рафаел Ворнок го победи својот републикански ривал Кели Лефлер во трката за едно од двете места на изборите за Сенатот во сојузната држава Џорџија, пренесува АП.

Демократите мора да ги освојат двете места во изборната трка во Сенатот за да имаат мнозинство.

Сепак, сè уште е рано да се прогласи победник во трката меѓу демократот Џон Ософ и републиканецот Дејвид Педју.

Слични содржини