Починаа 12 лица од корона во изминативе 24 часа

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Министерството за здравство денеска регистрираше 12 нови починати како последица од коронавирусот.

Од нив, тројца пациенти од Скопје (77, 64 и 54г), еден од Куманово (64г), еден од Дебар (75г), еден од Тетово (63г), двајца пациенти од Охрид (58 и 69г), еден од Гостивар (65г), еден од Крива Паланка (74г), еден од Радовиш (68г) и еден пациент од Неготино (54г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на починати од почетокот на кризата е 2.571.