Конгресот ја потврди победата на Бајден, прогласена вонредна состојба во Вашингтон!

од Берта Китинска
186 прегледи

Во хаосот што избувна во Вашингтон за време на упадот во Конгресот, во кој траеше седницата, загинаа четири лица, поради немирите вонредна сосотјба ќе има до 21 јануари, односно до инаугурацијата на Џо Бајден.

Градоначалникот на Вашингтон, Муриел Баузер, ја продолжи вонредната состојба до 21 јануари, со поддршка на Националната гарда на Њујорк, која ќе биде поставена низ градот по големите немири во кои загинаа четири лица.

9,40 часот – Конгресот ја потврди победата на Џо Бајден Нов претседател на САД е о Бајден, откако Конгресот денес ги потврди изборните гласови, објави Си-Ен-Ен.

По паузата поради немирите предизвикани од приврзаниците на актуелниот претседател Доналд Трамп вчера на Капитол Хил, членовите на претседателот на Претставничкиот дом и Сенатот се вратија на Конгресот и продолжија со броењето на гласовите. Бајден победи со 306: 232.

9.20 – Вонредна состојба до инаугурацијата на Бајден

Наредбата на градоначалникот ќе биде на сила се додека новиот претседател Џо Бајден не даде заклетва, поточно, до денот по инаугурацијата.

“Вчера, протестите под Првиот амандман станаа насилни. Многу луѓе дојдоа во главниот град вооружени да учествуваат во насилството и уништувањето. Тие испукаа хемикалии, тули, шишиња и пукаа со пиштоли”, рече таа, како што објави Индипендент.

9.15 – Првата жртва

Американските медиуми го открија идентитетот на жената која беше убиена синоќа додека се обидуваше да влезе во Конгресната сала. Ешли Бебит, ветеран на американското воено воздухопловство од Сан Диего, е убиена.

9.25 – Републиканците на раб на борба

Двајца членови на Претставничкиот дом се судрија на сред парламент по несогласувањето околу тоа дали да се отстранат приговорите на другите членови од записниците.

Вооруженото обезбедување брзо влезе и остана во салата како претпазливост.

8,52 – Персоналот на Белата куќа поднесе оставка

Двајца главни помошници на американската прва дама Меланија Трамп поднесоа оставка во средата поради силното насилство на Капитол Хил предизвикано од приврзаници на американскиот претседател, а неколку други високи лидери на Белата куќа размислуваат за оставка, вклучително и советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан и неговиот Заменик Метју Потингер.

8.05 – Четворица беа убиени, а 52 беа уапсени откако приврзаниците на претседателот Доналд Трамп упаднаа во зградата во Капитол за да спречат Конгресот да ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори, изјави началникот на полицијата во Вашингтон.